Македонскиот стратег Александар Зарков во новата сезона ќе го има првиот интернационален предизвик во тренерската кариера.
Тој е промовиран како нов тренер на освојувачот на трофејот во женскиот Куп на Грција, Неа Јонија.
По завршувањето на богатата играчка кариера во која играше за Еурофарм Пелистер, Металург, Металопластика, Дукас и Птолемаида, одлично се снајде во тренерските води.
Беше дел од младинските категории во Еурофарм Пелистер, работеше и во ХЈС Работник, а последната сезона беше асистент и прв тренер во Еурофарм Пелистер 2.