Тимот на Еурофарм Пелистер очекувано дојде до три бода на гостувањето во Скопје, но многу полесно од планот со оглед на тоа што многу рано беше скршен отпорот на Металург, па на крајот беше 38:25.
Од почетокот на средбата имаше кратко надигрување, а Металург имаше разлика која даваше надеж за добар резултат. Сепак, после десетина минути игра и резултат од 5:6 работите почнаа да се менуваат односно составот на Еурофарм Пелистер почна да го зголемува водството.
До крајот на првиот дел разликата скокна до десет гола, а на полувреме беше 21:11. Во овој период голманот од Унгарија, Мартон Секељ бранеше одлично и успеа да запре многу од нападите на Металург така што беше еден од виновниците за создавањето на предноста.
Во продолжение немаше ништо ново. Металург беше далеку од можност да дојде до подобар резултат, па се играше доволно за да се задржи разликата и да се финишира овој дуел на кој беше јасно дека гостите имаат повеќе од играта.
Постојаното водство со двоцифрена разлика остана до крајот, а со 38:25 беа освоени уште три бода и на тој начин беше одржан чекорот со Вардар.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА