Денеска во Прилеп стартуваше седмото издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, кој се одржува во чест на истакнатиот македонски ракометар.
Управата на клубот Прилеп и организаторот, заедно со градоначалникот на Прилеп, семејствоото на Миле Нешкоски, положија цвеќе на споменикот на истакнатиот ракометар, кој се наоѓа пред Универзалната сала.
Таму одамна не се игра ракомет, а прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, најави дека таа во иднина може да го носи името на Миле Нешкоски.
Покрај домаќинот Прилеп, на турнирот ќе учествуваат Струга, Мулти Есенс, Скопје, како и ПАОК од Солун и Дубочица Лесковац.