Осум години доминација: Војводина на две кола до крај ја одбрани титулата (ВИДЕО)

Екипата на Војводина дојде до нова титула во Аркус лигата во Србија со што по осмипат по ред се избори за шампионскиот трофеј, инаку вкупно деветти.Ова е осми трофеј во серија откако првпат се радуваше на титула во 2005 година, а потоа за следната чекаше до 2013 година. Оттогаш Војводина доминира во првенството, а со оглед на тоа што минатата година немаше шампион ова е осма по ред.До титулата тимот на Војводина дојде после победата над Партизан од 28:20 во 12. коло. Разликата во однос на другите тимови е толку голема што не може никој да го стигне составот на Војводина во последните две кола, па уште вчера почна славењето.

Во досега одиграните 12 кола тимот на Војводина има 12 победи, па сега ќе треба во последните две кола да се одработи на високо ниво за да се остане на максимум до крајот од шампионатот.