Најдобриот стрелец на Еурофарм Пелистер, Владислав Остроушко, денеска ќе биде голем адут на тренерот Жељко Бабиќ во реванш пресметката против хрватскиот Нексе Нашице.
„Овој период е многу важен за нас, секој гол ќе биде решавачки. Верувам дека може да го елиминираме Нексе. Играме дома, со нашите навивачи кои секогаш се зад нас. Луѓето во Битола го сакаат ракометот и секогаш ја чувствуваме нивната поддршка. Салата е полна скоро на сите наптревари и тоа е одлично за нас играчите“, вели Остроушко.
Тој беше најдобар стрелец на пресметките со Загреб и Веспрем, но вели дека не е важно кој колку голови ќе даде.
„Кога играме дома секогаш имаме дополнителна мотивација. Не е важно кој ќе биде најдобар стрелец и колку голови ќе даде, важно е ние да победиме“, вели украинскиот репрезентативец.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе се игра вечерва со почеток во 20:15 часот.