Левиот бек на Еурофарм Работник, Владислав Остроушко не го дава првото место на листата стрелци во Лигата на шампионите. И после 8. коло останува најдобар стрелец со 53 гола.
Зад него на втората позиција е ракометарот на ГОГ од Данска, Емил Јакобсен кој застоанува само еден гол зад водечкиот Украинец.
Тимур Дибиров кој беше на деветата позиција пред ова коло се проби на третата позиција со 46 гола. Исто токлу имаат постигнато и Часар од Кадетен, Кудуз од Динамо Букурешт и Мелер од ГОГ.