Поранешниот репрезентативец на Белорусија и Словенија и ракометар на Барселона, Сергеј Рутенка, кој постигнуваше исклучителни резултати доби нова улога во спортот во неговата земја.
Сергеј Рутенка е нов претседател на Белоруската тениска федерација. За 40-годишниот шесткратен европски првак гласаа учесниците на изборната конференција која се одржа на 17 ноември во Минск.
На претседателската позиција Рутенка ќе го замени Сергеј Тетерин кој ја предводеше организацијата од 2017 година. Рутенка ќе биде на чело на тениската федерација во наредните четири години колку што трае мандатот.
Додека играше активно Рутенка беше дел од Аркатрон, Горење, Целје, Сиудад Реал, Барселона, Лехвија и СКА Минск. Тој го носеше дресот на репрезентациите на Словенија и Белорусија, а играчката кариера ја заврши во 2017 година.