Ракометарките на Ростов Дон ја добија титулата во првенството на Русија откако сезоната беше прекината, а тие не ги заборавија своите фанови и им се заблагодарија за поддршката која што ја добиваа во текот на целата година.
Ростов Дон имаше добра сезона, а на својот Инстаграм профил се заблагодари на најмалите давајќи им поддршка за сето она што се случуваше во минатите месеци со најава дека ќе биде подобро во текот на следната сезона.
Избраничките на Мартин Амброс ќе чекаат одлука на ЕХФ дали ќе се игра четвртфиналето во Лигата на шампионите во склоп на завршниот турнир во Будимпешта на почетокот на септември.