Левиот бек Ангелче Органџиев по четири сезони поминати во тимот на Радовиш, заминува од клубот и ќе бара нов предизвик.
Органџиев потекнува од Борец Велес, а покрај за матичниот клуб, настапуваше и за Вардар 2 пред да се пресели во Радовиш.
Еден од најдобрите стрелци на радовишани во овој клуб мина четири сезони, но двете страни нема да ја продолжат соработката.
Минатата сезона Радовиш преку бараж го обезбеди опстанокот во елитното друштво, а оваа сезона дилемите беа решени пред крајот на плеј-аутот.
Тимот ќе има поголем ремонт, бидејќи покрај Органџиев, клубот остана и без легендите Александар Долдуров и Спасе Ѓорѓиев, кои ја завршија кариерата.