Организиран првиот турнир во времето на Корона (ФОТО)

После долга пауза од речиси четири месеци конечно е организиран еден турнир во време на Корона, а на овој турнир имаше три екипи од Романија. Домаќин е екипата на Потаиса од Турда, а поканети за учество беа и тимовите на Баја Маре и Васлуи.

За да се организира турнирот и натпреварите мораше да се почитуваат одредени мерки. Екипите морше да се придржуваат до протоколот кој е изготвен, па тоа значеше дека сите ракометари мораше да имаат негативен тест кој не е направен повеќе од 48 часа пред одржување на турнирот.

Задолжително секој мораше да биде со маска во салата, освен оние штосе на терен. На влез во салата на секој од играчите и членовите на стручниот штаб била мерена температура и ако била поголема од 37,3 чекале пет минути за второ мерење. Доколку при второто мерење температура одново била повисока влезот во салата бил забранет.

За време на овие средби традиционалното поздравување на ракометарите пред почетокот на средбите било откажано. На секои десет минути топката се менувала со нова, а претходно користената морала да биде дезинфицирана.