Опуштени, расположени и подготвени на последниот тренинг пред пат за Данска

Македонија тренинг после Данска 12-03-2021

После вчерашната победа против Данска од 33:29 денеска репрезентативците на Македонија го одработија последниот тренинг пред заминување за Алборг. Атмосферата е одлична и сите се расположени и подготвени за уште една одлична средба против Данците.

После вчерашната победа против Данска од 33:29 денеска репрезентативците на Македонија го одработија последниот тренинг пред заминување за Алборг. Атмосферата е одлична и сите се расположени и подготвени за уште една одлична средба против Данците. Ракометарите во опуштена атмосфера го одработија тренингот и покажаа дека можат да продолжат на истото ниво и на следните дуели. Селекторот е задоволен како момците одговараат на сето она што беше зададено од негова страна, па сега останува и в недела од 16 часот уште еднаш да одиграат одличен натпревар.