Ончев се враќа во Македонија, Охрид фаворит за неговиот потпис!

Левиот бек Тоше Ончев по една сезона заминува од словенечкиот Тримо Требње и најверојатно ќе се врати во Македонија.

Многу суперлигашки екипи се заинтересирани за услугите на еден од најдобрите поединци на Тримо Требње, но според информациите на 24Ракомет, фаворит за неговиот потпис е тимот на Охрид.

На крајот на оваа сезона од Охрид заминуваат неколкумина ракометари и тренерот Раде Стојановиќ, па ќе видиме каков ќе биде ростерот на тимот за следната сезона.

Македонецот, кој сезонава игра во одлична форма во словенечкиот шампионат, би бил одлично засилување за бековската линија на Охрид.

Ончев потекнува од составот на Вардар, играше за првиот тим и за Вардар Јуниор, Пелистер, потоа за француските Вернуј и Вернон, грчкиот Фаикас Корфу, па за Работнички, пред да замине во Словенија.