Левиот бек Тоше Ончев, по заминувањето од грчкиот тим Фаикас Корфу, ќе се врати во македонската Суперлига.
Велешанецот е пред потпис со тимот на Работнички и повторно ќе соработува со стратегот Стојан Петрушевски, со кој соработуваа во Вардар Јуниор.
Ончев, кој беше дел и од првиот тим на Вардар и забележа настапи во СЕХА, има интернационално искуство во француските Вернуј и Вернон.
Работнички во досега одиграните три средби забележа три порази, а останува да одигра уште против Металург, Младост Богданци и Тиквеш во регуларниот дел.