Тимот на Охрид во пролетниот дел од сезоната нема да смета на двајца ракометари што дојдоа летоска.
Станува збор за Тоше Ончев и Стефан Бошкоски, со кои спогодбено беа раскинати договорите што беа потпишани пред стартот на сезоната.
Ончев дојде во Охрид од словенечкиот Тримо Требње и беше меѓу најдобрите стрелци во тимот, но ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда.
Бошкоски дојде од Јехона, но не доби минутажа да ги покаже своите квалитети, па во пролетниот дел од сезоната ќе има нов предизвик.
Охрид обезбеди место во разигрувањето за титулата, а тимот на Горан Андоновски ќе стартува без бодови во плеј-оф групата.
Стартот на подготовките за пролетниот дел од сезоната е најавен за 9 јануари, а клубот се очекува наскоро да ги промовира и новите засилувања.