Ончев најефикасен во новиот триумф, Тримо му „дише во врат“ на Целје

Тимот на Тримо Требње, каде што настапува македонскиот интернационалец Тоше Ончев, славеше нова победа во словенечкиот шампионат.

Избраниците на Урош Зорман беа подобри на гостувањето од Слован Љубљана со убедливи 21-28.

Maкедонскиот бек беше најдобар стрелец во победничкиот тим на гостите и постигна пет погодоци.

Тримо досега забележа седум победи на седум меча во Словенија и се наоѓа веднаш зад Целје на табелата, кој има осум победи на осум натпревари.