Левиот бек Тоше Ончев предвреме ја заврши сезоната, откако мораше да направи операција на левото колено.
25-годишниот Ончев не играше на последните натпревари од регуларниот дел од Суперлигата и во Купот.
„За жал, мораше да направам операција на коленото за тоа да ми биде како претходно. Ќе го дадам најдоброто од себе најбрзо и најподготвен да се вратам на терените. Повредите се составен дел од спортот и мотивиран сум да го извлечам најдоброто од оваа ситуација“, напиша Ончев на социјалните мрежи.
За велешанецот сезоната е завршена и би требало да се врати на ракометните терени на лето.