Тимот на Тримо Требње стигна до вицешампионското место во Словенија, откако славеше во последното коло од тамошниот шампионат.
Тримо славеше на гостувањето кај Шкофја Лока со 27-30, а во ростерот на тренерот Урош Зорман беше само Милан Лазаревски, но не и Тоше Ончев.
Лазаревски постигна два гола на овој натпревар пред да добие црвен картон во 47 минута од натпреварот.
Тримо на крајот собра 45 бода, што беше за четири помалку од шампионот Целје со 49. Исто како и лани, така и сезонава Тримо обезбеди место во Лигата на Европа.