Ракометарите на Работнички го кренаа нивото на формата и почнаа да играат сè подобро, па после Бутел Скопје на својтерен го совладаа и составот на Еурофарм Пелистер 2. Денеска беа подобри од битолчани со 28:23.
Предводни од Тоше Ончев на теренот, на ракометарите на Работнички не им беше тешко особено во вториот дел да имаат контрола на резултатот. Ончев беше стрелец на дури 11 погодоци со кои беше далеку пред колегите.
Средбата имаше израмнето прво полувреме во кое долго имаше надигрување. Сепак, пред заминувањето на одмор, Работнички успеа да создаде предност од два гола и на паузата да има 14:12.
На стартот од вториот дел гостите успеаја да се доближат и да намалат на гол негатива, но не и да направат нешто повеќе. Сепак, Работнички успеа одново да зададе удар кој овој пат резултираше со поголема предност. При 22:17 веќе беше решен победникот на овој дуел така што докрајот само остана да се заврши задачата и да се зачува предноста од пет гола.





Работнички – Еурофарм пелистер 2














































































































































Работнички успеа во тоа и го доби овој дуел со 28:23 за нови три бода со што практично останува во трка за местата кои водат во плеј-оф иако тоа ќе биде тешка мисија до крајот од регуларниот дел од сезоната.
![]() ![]() 28 - 23Крај |
Детали
Датум | Време | Лига | Сезона | Match Day | Крај |
---|---|---|---|---|---|
28 ноември 2020 | 17:37 | СУПЕРЛИГА Б | 2020/2021 | 28.11.2020 | 60' |
Место
СЦ „Јане Сандански“ |
---|
Резултати
Екипа | 1-во полувреме | 2-ро полувреме | Резултат |
---|---|---|---|
РАБОТНИЧКИ | 14 | 28 | Победа |
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 | 12 | 23 | Пораз |
РАБОТНИЧКИ
# | Играч | Позиција | Исклучување | Голови |
---|---|---|---|---|
5 | Стефан Чакалиќ | лево крило | 0 | 0 |
9 | Дамјан Јакимовски | десно крило | 0 | 3 |
10 | Давид Димески | лев бек | 0 | 0 |
12 | Јоаким Ангеловски | голман | 0 | 0 |
13 | Енес Идризи | лев бек | 0 | 0 |
14 | Христијан Чакалиќ | централен бек | 0 | 0 |
19 | Кристијан Анѓелковски | пивот | 2 | 0 |
20 | Антонио Николовски | лев бек | 0 | 0 |
21 | Давид Савревски | десно крило | 1 | 3 |
23 | Тoше Ончев | централен бек | 1 | 11 |
25 | Стефан Добревски | лево крило | 2 | 1 |
28 | Петар Виларов | голман | 0 | 0 |
33 | Стефан Крстевски | централен бек | 0 | 6 |
55 | Стефан Атанасовски | пивот | 2 | 4 |
77 | Ѓорѓи Дука | десен бек | 0 | 0 |
99 | Васил Гогов | голман | 0 | 0 |
Вкупно | 8 | 28 |
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
# | Играч | Позиција | Исклучување | Голови |
---|---|---|---|---|
3 | Цветан Кузманоски | лево крило | 0 | 5 |
4 | Јован Талевски | централен бек | 0 | 2 |
7 | Дарио Петровски | лев бек | 1 | 1 |
8 | Павле Атанасијевиќ | централен бек | 1 | 1 |
9 | Васко Димитровски | пивот | 0 | 2 |
12 | Филип Ивановски | голман | 0 | 0 |
14 | Филип Јовановски | - | 0 | 0 |
22 | Иван Димитровски | лево крило | 1 | 1 |
23 | Стефан Талевски | централен бек | 0 | 4 |
24 | Никола Стоилевски | десно крило | 0 | 1 |
33 | Петар Атанасијевиќ | лев бек | 0 | 0 |
44 | Ненад Белистојановски | - | 0 | 0 |
51 | Димитар Бардакоски | голман | 0 | 0 |
55 | Стефан Дрогришки | лев бек | 0 | 4 |
88 | Димитриј Блажевски | десен бек | 0 | 1 |
99 | Филип Арсеновски | пивот | 0 | 1 |
Вкупно | 3 | 23 |
Officials
Судии: | Делегат: |
---|---|
АНГЕЛЕСКИ ГОРАН СЕДЛОСКИ РУБИНЧО | ЦВЕТКОСКИ ИЛИЈА |
Поз | Екипа | Н | П | Р | Л | Б |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | ГОЛДЕН АРТ | 14 | 5 | 2 | 7 | 17 |
2 | МУЛТИЕСЕНС | 14 | 3 | 0 | 11 | 9 |
3 | ВАРДАР НЕГОТИНО | 14 | 2 | 0 | 12 | 6 |