Репрезентативката на Словенија, средниот бек Елизабет Омореги, која од 2018 година настапува за некогашниот европски шампион ЧСМ Букурешт, реши да го продолжи договорот со романскиот клуб.
Омореги во екипата на ЧСМ Букурешт ќе остане најмалку уште една сезона, односно до јуни, 2024 година.
Во екипата на ЧСМ Букурешт моментално на средната бековска позиција освен Омореги настапува и репрезентативката на Франција, Грас Заади и искусната Андреа Прикопи.
Словенечката репрезентативка пет сезони мина во редовите на Крим Меркатор, каде што се афирмираше како играч.
По одличните настапи за словенечкиот шампион направи трансфер од соништата и заигра за еден од најдобрите клубови во Европа.
Од 2015 до 2017 година беше дел од репрезентацијата на Бугарија, додека во последните четири години го носи дресот на Словенија.