Машката репрезентација на Литванија славеше над Исланд со 29-27 и се наоѓа на чекор до пласман на ЕП како третопласирана од групата со Израел и Португалија. Но не беше само играта на ракометарите што го привлече вниманието на литванската и на европската јавност.
На теренот во салата во „Авиа Арена“ во Вилнус се појавија две реклами – „Омажи се за мене“ и „Барам жена“, а до нив беше запишан називот на профилот на Инстаграм – „Opinijus“. Овие реклами честопати беа во фокусот на преносот од ракометниот натпревар и ги виде цела јавност.
Литванската федерација имала понуда за спонзорите, но никој не сакал да се рекламира, а извесен Ренатас Андрејевас се понудил да откупи дел од просторот. Тој платил 500 евра за двете реклами, но немал идеја од старт што да пишува или што да рекламира.
„Си помислив дека можам да го промовирам мојот Инстаграм профил. На федерацијата и се допадна идејата и беше донесена одлуката. Се уште сум сингл и баражм жена. Навистина по рекламите имам нови ’следачи’ на профилот, голем број жени. Привлеков многу внимание, а имам сега пријатели и од Исланд“, изјави Андрејевас за литванскиот портал „15 минути“.
View this post on Instagram