Селекторот на Холандија, Штафан Олсон, го скрати списокот на репрезентативци пред стартот на подготовките за Светското првенство во Полска и Шведска.
Олсон ќе смета на 18 ракометари, кои ќе одиграат две пријателски средби пред СП – една против Франција на 4 јануари, а подоцна ќе биде познат ривалот за натпревар на 7 јануари.
Меѓу повиканите ракометари има 12 интернационалци и шестмина кои настапуваат во домашниот шампионат.
Тука се Лук Стеинс од ПСЖ, Дани Бајенс од Хамбург, Каи Смитс од Магдебург, Исо Слујтерс од Цирих…Македонија и Холандија ќе играат на 15 јануари, а во групата се уште Аргентина и Норвешка.