Натпреварите кои беа предвидени да се одиграат во април ќе се играат од 12 до 14 март следната година. Ова е потврден термин, а од Германија се огласија дека нема да вршат измена на градот домаќин, па средбите од квалифиакциската група ќе бидат одиграни во Берлин.
Во оваа група се наоѓаат и селекциите на Шведска, Словенија и Алжир, а првите две селекции ќе се пласираат на Олимписките игри во Токио кои треба да се одржат следното лето.
Инаку, се играат три квалификациски турнири. Во Групата 1 која ќе се одржи во Норвешка во Трондхајм ќе играат селекциите на домаќинот и Бразил, Чиле и Јужна Кореја. Во Групата 2 во Париз, покрај Франција ќе играат и Хрватска, Португалија и Тунис.
На главниот турнир во машка конкуренција останаа слободни уште шест места. Другите шест се пополнети од Јапонија, Данска, Аргентина, Бахреин, Шпанија и Египет.