Олимписките игри под вонреден режим – расте бројот на зарезени во Токио!

Растот на бројот на зарезени во Токио во последните две недели и евидентирањето на 920 случаи (највисока бројка од 13 мај наваму) е причина за размислување на вонреден режим во главниот град на Јапонија.

Олимписките игри треба да почнат на 23 јули, а ситуацијата не е нималку оптимистична со оглед на тоа што бројот на заразени продолжува да расте. Оттаму Владата на Јапонија планира да бидат зголемени мерките и игрите да бидат одржани под посебни протоколи.

Бројот на гледачи на стадионите ќе биде ограничен на 50% од капацитетот на стадионот, но во исто време не смее да има повеќе од 10.000 гледачи на трибините. Се размислува и за намалување на оваа бројка така што останува да се следи ситуацијата.

Од 6 до 10 јули требаше да има втора лотарија за влезници, но и тоа се одложи, па ова значи дека бројката ќе се намалува, а игрите ќе добијат нови дополнителни мерки.

Засега нема информации за одлагање на игрите без разлика на развојот со пандемијата на коронавирусот така што она што е очигледно е дека спортистите ќе имаат намалено движење во Олимпиското село и веројатно ќе можат само од собите до спортските терени и назад.