Со комплетирањето на групната фаза во машка конкуренција на Олимписките игри турнирот финишираше за четири репрезентации меѓу кои се домаќинот Јапонија, двата ученици од Јужна Америка, Бразил и Аргентина како и Португалија од Европа.
Ова значи дека веќе е познат и нивниот пласман од 9. до 12. место така што веќе се рангирани и познат е нивниот дефинитивен пласман на овие игри.
Португалија го доби 9. место, со оглед на тоа што имаше два освоени бодови и подобра гол разлика од другите две селекции кои исто така имаа по два бода. Бразил е на 10. позиција, а имаше исто така два бода од петте средби во групата А освоени против Аргентина.
Јапонија иако ја победи селекцијата на Бахреин, поради тоа што се направи круг со Португалија и сите имаа по два бода решаваше гол разликата во мини табелата, а таму беше најслаба и заврши на 6. место во групата Б така што е на 11. место.
Последна на овие игри во машка конкуренција е репрезентацијата на Аргентина, која е единствена што забележа пет порази на пет натпревари.