Според информациите на грчкиот весник „Гаврос“, поранешниот член на Вардар, Оливие Њокас, кој игра на позицијата лев бек, ќе биде најновото засилување во грчкиот шампион, Олимпијакос.
За Оливие Њокас, како и за неговиот брат близнак, Кевин Њокас, се поврзуваа и со други екипи, но најверојатно Оливие својата кариера ќе ја продолжи во Грција, додека новата дестинација на Кевин сѐ уште не е позната.
Раководството на Олимпијакос има големи амбиции за следната сезона бидејќи ќе учествува во второто по ранг квалитетно европско натпреварување – Лига на Европа, но главната цел на клубот ќе биде одбрана на националната титула.
Пред извесен период Олимпијакос го ангажираше репрезентативецот на Австрија, Роберт Вебер, кој, моментално, е член на клубот од втората Бундес лига, Нордхорн Линген. За следниот период најавени сѐ уште неколку квалитетни засилувања.