Тимови од три континенти Азија, Африка и Европа ќе се борат за четири места кои водат во нокаут фазата на Олимпискиот турнир за мажи. Во групата Б се репрезентациите кои играа во финалето на последното Светско првенство во Египет, Данска и Шведска, а уште се и Јапонија, Египет, Поругалија и Бахреин.
Во јануари Данска ја освои втората последователна титула светски шампион совладувајќи ја Шведска со 26:24. Во меѓусебниот скор од 26 натпревари Швеѓаните имаат 14 победи наспроти 11 на Данска. И на дуелите на Олимписките игри Шведска има предност од една победа повеќе.
Според статистиката Данска е фаворит против останатите противници бидејќи против сите има позитивен учинок. Против Португалија ги добија последните три натпревари на првенствата кои се играа во 2000, 2002 и 2004 година. Данска исто така има перфектен учинок против Бахреин и Јапонија, а нема загубено ниту од Египет. Данска и Египет го одиграа историскиот натпревар на Мундијалот во Египет со две продолженија и пенали во полуфиналето.
Шведска повторно има квалитетен тим, а уште повеќе е засилен за разлика од Светското првенство со Никлас Екберг ќе атакува на нов медал. Скандинавскиот тим нема пораз против Бахреин и Јапонија со само еден пораз од Египет од Олимписките игри во Рио во 2016 година. На последниот дуел на Шведска и Египет на првенството во јануари Швеѓаните слава минимално 24:23.
Шведска ќе има можност да се одмазди на Португалија за најубедливиот пораз од Европските првенства во 2020 година кога загуби 25:35. Португалците на овој меч имаа спектакуалрно издание кое се надеваат дека можат да го повторат и на Олимписките игри. Португалија досега немала официјални дуели со Јапонија и Бахреин, во единствениот дуел со Египет имаат доживеано пораз.
Репрезентацијата на Египет има победа од единствениот дуел против Јапонија, а во двата дуели со Бахреин двете селекции имаат по еден триумф. Египет ќе се обиде да го поправи впечатокот од Светското првенство на кое беше домаќин и ќе се обиде да стигне да го подобри најдобриот успех од Олимписките игри кој е 6. место турнирот во Атланта 1966 година. Домаќинот Јапонија е на Олимпијада после 1988 година, а евентуален пласман во нокаут рундата би бил најдобар успех во историјата .
Натпреварие од групата Б започнуваат во сабота на 24 јули со наттпреварите помеѓу Шведска – Бахреин, Португалија – Египет и Данска – Јапонија.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ (МАЖИ)
ГРУПА Б
1.КОЛО (САБОТА, 24 ЈУЛИ)
07:15ч
ШВЕДСКА – БАХРЕИН
12:30ч
ПОРТУГАЛИЈА – ЕГИПЕТ
14:30ч
ДАНСКА – ЈАПОНИЈА
2.КОЛО (ПОНЕДЕЛНИК, 26 ЈУЛИ)
07:15ч
ЕГИПЕТ – ДАНСКА
12:30ч
БАХРЕИН – ПОРТУГАЛИЈА
14:30ч
ЈАПОНИЈА – ШВЕДСКА
3.КОЛО (СРЕДА, 28 ЈУЛИ)
02:00ч
ДАНСКА – БАХРЕИН
04:00ч
ШВЕДСКА – ПОРТУГАЛИЈА
07:15ч
ЈАПОНИЈА – ЕГИПЕТ
4.КОЛО (ПЕТОК, 30 ЈУЛИ)
04:00ч
БАХРЕИН – ЈАПОНИЈА
09:15ч
ШВЕДСКА – ЕГИПЕТ
12:30ч
ПОРТУГАЛИЈА – ДАНСКА
5.КОЛО (НЕДЕЛА, 1 АВГУСТ)
02:00ч
ПОРТУГАЛИЈА – ЈАПОНИЈА
04:00ч
ЕГИПЕТ – БАХРЕИН
14:30ч
ДАНСКА – ШВЕДСКА