ОИ Токио – Група А: Светскиот првак и три актуелни континентални шампиони во борба по нокаут-фаза

Репрезентации од три континенти ја сочинуваат групата на Олимпискиот турнир во ракомет за жени. Холандија, Норвешка и Црна Гора ќе играат против азиските Јапонија и Јужна Кореја, а групата ја комплетира претставникот од Африка, селекцијата на Ангола.

Во групата А се актуелните шампиони од последните големи натпреварувања, Холандија е освојувач на светската титула од Кумамото, ќе игра против европскиот шампион Норвешка, Азискиот шампион Јужна Кореја и африканскиот шампион Ангола.

Норвешка е главен фаворит во групата А, тие против сите селекции имаат позитивен биланс. На 14 натпревари против Холандија имаат само три неуспеси и победа на единствениот дуел на Олимписките игри во Рио 2016 година. Кореја има четири победи против Норвешка од кои една е во финалето на Олимпијадата во Барселона во 1992 година.

Во составот на Холандија се враќа Нике Грот што е големо засилување, но една клучна ракометарка повторно ќе недостасува а тоа е Естевана Полман која заради повреда ќе ги протпушти игрите. Холандија нема триумф против Црна Гора во официјален натпревар, а со Кореја имаат нерешен биланс со по три победи. Холанѓанките имаат перфектен учинок против Јапонија и Ангола.

Црна Гора има само две победи против Норвешка од седум натпревари, а еден од нив е на Олимпискиот турнир во март годинава. Ангола има две победи против конкурентите од групата, едната е против Црногорките 27:25 во Рио 2016 и против Кореја со 30:29.

Црна Гора исто така има три победи во официјални натпревари против Ангола, додека Кореја има осум победи против шампионот на Африка. Дваа дуели на Ангола и Јапонија завршија нерешено кои ги играа уште во 1997 и 199 година.

Еден од најинтересните натпервари се очекува да биде помеѓу азиските ривали Кореја и Јапонија. Корејките имаа огромна предност во меѓусебните дуели, на 27 натпревари имаат 24 победи. Јапонија ќе се обиде да го искористи домашниот терен и да го поправи уинокот против големиот ривал.

Натпреварита на Олимпискиот турнир во женска конкуренција започнуваат во недела со дуелите помеѓу Холандија и Јапонија, Црна Гора и Ангола и Норвешка против Јужна Кореја.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ (ЖЕНИ)

ГРУПА А

1.КОЛО (НЕДЕЛА, 25 ЈУЛИ)

02:00ч

ХОЛАНДИЈА – ЈАПОНИЈА

07:15ч

ЦРНА ГОРА – АНГОЛА

09:15ч

НОРВЕШКА – ЈУЖНА КОРЕЈА

2.КОЛО (ВТОРНИК, 27 ЈУЛИ)

02:00ч

ЈАПОНИЈА – ЦРНА ГОРА

09:15ч

ЈУЖНА КОРЕЈА – ХОЛАНДИЈА

12:30ч

АНГОЛА – НОРВЕШКА

3.КОЛО (ЧЕТВРТОК, 29 ЈУЛИ)

02:00ч

ХОЛАНДИЈА – АНГОЛА

07:15ч

ЈАПОНИЈА – ЈУЖНА КОРЕЈА

09:15ч

ЦРНА ГОРА – НОРВЕШКА

4.КОЛО (САБОТА, 31 ЈУЛИ)

02:00ч

АНГОЛА – ЈАПОНИЈА

04:00ч

ЦРНА ГОРА – ЈУЖНА КОРЕЈА

14:30ч

НОРВЕШКА – ХОЛАНДИЈА

5.КОЛО (ПОНЕДЕЛНИК, 2 АВГУСТ)

02:00ч

ЈУЖНА КОРЕЈА – АНГОЛА

12:30ч

ХОЛАНДИЈА – ЦРНА ГОРА

14:30ч

НОРВЕШКА – ЈАПОНИЈА