Озтурк: Охрид направи добри трансфери, целта е излез во Европа

Турскиот репрезентативец и член на Охрид, Халил Озтурк, се наоѓа на подготовки со националниот тим и ќе игра на Медитеранските игри.

Средниот бек кој од Металург се пресели во Охрид, за турските медиуми ги откри амбициите за следната сезона.

„Во првенството Вардар и Еурофарм Пелистер се најдобрите тимови. Нашиот тим не е на тоа ниво во моментов, ама целта ни е да играме во Европа следната сезона, бидејќи направивме добри трансфери. Се надевам дека ќе ги исполниме зацртаните цели“, изјави Озтурк.

Одличниот среден бек посакува да заигра во Германија или во Франција во иднина.

„Најдобрите две лиги во светот се Германија и Франција. Сакам да играм во една од нив. Верувам во себе и ќе работам за да се движам во таа насока. Се надевам ќе се случи и тоа еден ден. Исто така сакам да играм и во Лигата на шампионите“, заврши Озтурк.

Турција е ривал на Македонија во групата на Медитеранските игри во Оран.