Паузата во Женската лига ќе трае до 29 февруари за кога е предвиден стартот на вториот дел од сезоната. Пролетниот дел стартува во последниот дел од вториот месец од годината, а за овој викенд е најавено одигрување на 14. коло од Женската лига.
Претходно на 26 или 27 февруари ќе биде одиграна бараж средба од Женскиот куп, а веднаш потоа стартува првенството, кое со ЕХФ неделите ќе финиширана 23 и 24 мај.
Во пролетниот дел од Женската лига остануваат да бидат одиграни уште 13 кола. За разлика од машките лиги каде што ќе има плеј-оф и баражи овде сè завршува со комплетирањето на регуларниот дел така што по одигрувањето на 26. коло завршува сезоната и се добива шампионот.