Од 2026 година сите тренери што ќе ги водат тимовите или репрезентаците на меѓународни натпревари ќе мораат да имаат „Мастер Коуч“ лиценца. Ова им беше презентирано на тренерите од Македонија на семинарот што се одржува во Охрид денеска како дел од промените што ги има направено ЕХФ.
Досега беше пракса на клупата да има барем еден тренер со мастер коуч, а друг да ја води екипата. Така беше случајот со Љубомир Савевски кој две години беше главен кај жените, но немаше ваква лиценца, па ја користеше таа на Јуле Црвенковска, а на двомечот со Украина на клупата седеше Александар Петровски.
Одлуката за поседување ваква лиценца се однесува за сите категории, од сениорска до младинска, без разлика за рангот на натпреварување.
Слична беше и ситуацијата со Кирил Лазаров кој кога беше избран за селектор ја немаше потребната лиценца па го покриваа другите во репрезентацијата што беа на клупата. Во меѓувреме Лазаров ја доби потребната Мастер Коуч лиценца.
Целта на ЕХФ е да не се злоупотребува оние што немаат ваква ваква лиценца да користат тренери што ја имаат. Па оние што навистина имаат лиценца само да седнат на клупата, а оние што ја немаат да ги водат натпреварите.