Од 13 до 15 мај, салата „Јасмин“ во Кавадарци ќе биде домаќин на завршните турнири во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.
Продажбата на билетите ќе започне утре, 13 мај, со почеток од 12:00 часот Влезниците ќе можат да се купат на билетарата во салата „Јасмин“.
Цената на билетите ќе биде 150 денари, а се работи за дневни влезници со кои ќе може да се следат двата меча во текот на денот.
Во петок на 13 мај, ќе се играат полуфиналните натпревари кај мажите, на 14 мај на програмата се женските полуфинални двобои, додека в недела на 15 мај двата меча за трофеите.
Актуелни бранители на титулите во Купот на Македонија се екипите на Вардар и Куманово, кои лани славеа во Автокоманда.