По триумфот на Вардар во првиот меч, Татран Прешов доби реванш од македонскиот тим и загуби во Скопје со 29-24.
Тренерот на словачкиот првак, Марек Гернат, ги пофали навивачите на Вардар за атмосферата што ја направија.
„Одигравме тежок натпревар пред расположените навивачи на Вардар. Неверојатно е каква атмосфера направија. Клучниот проблем беше што постигнавме само 10 гола во прв дел. Не знам зошто, треба да анализираме. Но не попуштивме, во вториот дел се боревме до самиот крај и затоа разликата остана на само 5 гола“, вели тренерот Гернат.
Рускиот кружен напаѓач Вјачеслав Касаткин беше меѓу најопасните играчи во Татран Прешов.
„Атмосферата беше одлична имаше мнгоу навивачи бевме подготвени за натпреварот и знаевме дека ќе биде потежок од првиот, се подготвувавме една недела, но првиот дел покажа дека не сме спремни. Вардар покажа дека е подобар, се бореа за секој гол за секоја топк. Ние не се боревме се надевам дека во иднина ќе се бориме повеќе“, вели Касаткин.