Од спортски директор стана тренер

Францускиот тим Нант го промовираше новиот тренер, кој ќе седне на местото на Алберто Ентрериос.

Станува збор за Грегори Кожан, кој потпиша договор на две сезони и досега му беше асистент на Ентрериос и плус спортски директор.

Кожан е дел од Нант од 2005 година и работеше како директор на развојниот центар на клубот и тренер на вториот тим, до 2019 година, кога влезе како асистент тренер во првата екипа и спортски директор.

Промоцијата на Кожан значи дека нема ништо од шпекулациите дека Кире Лазаров ќе биде наследник на Алберто Ентрериос на клупата во Нант.