Русинот Евгениј Зотин е ракометен судија, но пред да ја започне судиската кариера и воопшто да дојде во контакт со ракометот беше активен во сосема друг вид на спорт.
Зотин во детството започнал да се занимава со скокови во вода, a првите чекори во ракометот ги направил во училишните денови кога на таа возраст играта повеќе му се допаднала од скокање во вода.
„Од седум годишна возраст започнав да се занимавам со скокови во вода, мојот постар брат Сергеј беше виновен за тоа. Тој беше и светски и европски шампион во скокови во вода и мене ме внесе во спортот. Додека учев во училиштето во Ставропол дојде Валери Петрович Отрезив и не покани сите на ракомет. Потоа тој беше и мојот прв тренер. Веројатно на таа возраст од осум-девет години на децата поинтересно им било да играат ракомет околку да скокаат во вода од даска. Тренерот успеа да ме заинтересира и продолжив со ракометот се до 2002 година професионално да бидам дел од ракометот. И сега учествувам на турнири за ветерани“, изјави Зотин за руските медиуми.
Сега Евгениј Зотин е судиски пар со Николај Володков, тие се дел од ЕХФ судиите и ја делат правдата на сите европски натревари.