Од понеделник ќе започне продажбата на билети за Суперкуп натпреварот што ќе се одигра во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид на 11 септември.
Билетите ќе се продаваат по цена од 200 денари, а ќе може да се купат на билетарницата на СРЦ „Билјанини Извори“ секој ден од 18:00 до 20:00 часот.
Вардар и Еурофарм Пелистер се избегнаа на турнирот во Струга, но ќе ја имаат првата пресметка во новата сезона во Охрид.
Во меѓувреме битолчани ќе настапат на Ф4 во СЕХА лигата, потоа ќе играат со составот на Скопје пред двобојот со Вардар, додека „црвено-црните“ имаат суперлигашки дуел со Вардар Неготино.