Екипата на Раднички од Крагујевац, откако го реши тренерското прашање, започна со комплетирањето на тимот за новата натпреварувачка сезона, 2022/23.
Раководството на клубот во своите редови го ангажираше кружниот напаѓач, Филип Грубор, кој во изминатата сезона го носеше дресот на македонскиот суперлигаш Охрид.
Со стекнатото интернационално искуство од Македонија се очекува да биде големо засилување во тимот на Жикица Милосављевќ.
,,Се радувам на овој нов предизвик, доаѓам во клуб со богата традиција, историја и феноменални навивачи. Со нетрпение го очекувам почетокот на подготовките и запознавањето со остатокот од екипата. Клубот направи голем успех во претходната сезона, беше обезбеден пласман на европска сцена, а драго ми е што целта на клубот расте од сезона во сезона, вклучително и оваа година. Очекувам дека веќе во подготвителниот период ќе покажеме високо ниво на воиграност и дека со помош на нашите навивачи ќе успееме не само да ги повториме резултатите од минатата сезона, туку и да обезбедиме подобар пласман и да го претставиме клубот и градот Крагујевац достојно во Европа”, изјави Грубор.
Новиот член на Раднички Крагујевац освен за екипата на Охрид, настапуваше и за Лавови од Бачка Паланка и клубот од Хрватска, Спачва Винковци.