Годинава голем број од ракометарите на Охрид ги запросија своите девојки, а денеска еден од староседелците во овој тим ја направи и свадбената веселба.
Кружниот напаѓач Иван Тасески стапи во брак со долгогодишната девојка Надица Метулева, а нормално меѓу главните гости беа и соиграчите на популарниот Тасе.
Покрај Тасески, повеќе не се ергени ниту Крсте Андоновски, Мартин Манасков, Филип Кривокапиќ…
Охридските ракометари за свадбата се загреаја со триумф над Тиквеш со пет погодоци, 29-24, а веќе в четврток ги чека езерско дерби против Струга.