Од натпревар во авион и правец Скопје

Машката репрезентација на Македонија вечерва го игра последниот натпревар од групата на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

По дуелот со Данска, кој не е важен ниту за едните ниту за другите, барем не резултатски, нашите ракометари веднаш се враќаат во Скопје.

Со чартер лет од аеродромот во Дебрецин во 1 часот после полноќ, нашата делегација ќе се упати кон македонската метропола.

Во Скопје би требало да пристигнат околу 2:30 часот, па по неколку денови одмор ќе се посветат на клупските обврски.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра вечерва во „Феникс Арена“ со почеток во 20:30 часот.