Во навивачката идеологија и филозофија значајно место зазема секторот суеверие.
Знам дека и во секојдневната рутина суеверието е составен дел од нашите животи и влијателен фактор во донесувањето одлуки. Па така Кико не плаќа ништо во понеделник, Васе игра баскет со чорапите со кои победил и не ги пере до првиот пораз, Ќориот никогаш во петок не оди во кафана, Ќошот не пие кафе од цен филџан, за Лига на Шампиони одиме во една, за Македонија во друга…
После двата порази требаше драматична промена!
Ја направивме и ние верните ама ја направија и нашиве, гледавме ракомет на работа (терминот се поклопи), ги сменија дресовите, фаули правеа, играа на крило, беа скоро па дисциплинирани, необлековме дресови (на работа малку незгодно), не губеа топкии, Капитенот се јави, не губевме топки, имавме верували или не 21 асистенција, примивме помалку од 30 голови а дадовме повеќе од 20…
И како никогаш порано цело време со мислите во блиската иднина. Дали е подобро да изгубиме или не? Дали е добро да одиме во дуелите со Русија, Белорусија и Словенија или најдобро да се вратиме дома. Победата не доаѓаше воопшто под прашање само дилемата дали да одиме понатаму?
Секако да! Шансите се минимални но искуството бесценето!
Капитенот се загреа, Митревски и Томовски ја оправдуваат формата и ќе бидат се подобри и подобри, имавме 20 тина минути добра одбрана, може да се трча ако добро се подредат линиите, поразите не се важни, Пикерите добија топки, реализираа, Талески конечно со само едно промашување!
Да видиме од каков материјал се градени децава?
Костески блескаше, Димитриоски се ослободува, Да видиме што е со Танкоски па да гори и тој…Фитиљот после исповедувањето скоро па одличен…
Црвено си е црвено, железото се кова кога е жешко, црвено, момци напред со крената глава, борете се, играјте за Вас за Нас за МАКЕДОНИЈА…
Црвената боја сепак ми е најмила…
Виктор Христоски