Од кревет дојде на терен и стана херој: Како Екберг ја сруши „фуријата“ (ВИДЕО)

Селекцијата на Шведска стана нов европски шампион, откако славеше над Шпанија со еден гол разлика, 27-26.

Човек на одлука беше десното крило Никлас Екберг, кој го погоди ударот од седум метри по истекот на времето.

Тој имаше коронавирус и не играше на претходните два меча за шведската репрезентација, но се врати за финалето.

Пропушти многу тренинзи, па затоа влегуваше во игра само за изведување на седмерците.

Судиите досудија три пенали за Шведска, а клучен беше токму последниот на Екберг. Погледнете го….