Полскиот првак Келце објави дека потпишал договор на пет години со нигерискиот талентиран ракометар Фарук Јусуф.
Младиот десен бек, кој беше меѓу најдобрите стрелци на СП во Македонија, лани потпиша договор на четири сезони со Бутел Скопје, кој го оспорува трансфер на Нигериецот во Полска.
Претседателот на Келце, Бертус Сервас, вели дека трансферот е регуларен.
„Добивме писмо од Македонците за трансферот на Јусуф, наскоро ќе им испратиме одговор. Од моја гледна точка, трансферот е регуларен според сите прописи на ИХФ и ЕХФ. Јусуф во меѓувреме играше во Мароко, па се врати во Нигерија“, изјави Сервас за „Спортове Факти“.
Полскиот шампион на десната бековска позиција оваа сезона ги има ветеранот Кшиштоф Лијевски, Алекс Душебаев и Бранко Вујовиќ.