Хрватскиот првак Загреб во новата сезона нема да ја има додавката ППД, но најверојатно ќе има нов спонзор кој ќе треба да обезбеди финансиска стабилност пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.
Ова за „Спортске Новости“ го потврди спортскиот директор Ведран Шупуковиќ, кој откри дека на клубот му се потребни 5 милиони евра за да биде во ТОП 8 во Европа, но засега ги немаат тие пари.
„Денеска буџетите на ракометните клубови пораснаа многу и во многу случаи се изедначија со оние на кошаркарските клубови кои секогаш беа напред, а има меѓу 12 и 20 милиони евра. Не сме ни блиску до таа сума и се обидуваме да направиме нешто на тој фронт. Се надевам дека ќе успееме. Ние имаме околу 3,2 милиони евра годишно, да имавме 5 милиони евра сигурно ќе ги имавме сите услови да одговориме на потребите во вакво натпреварување и да бидеме меѓу најдобрите осум екипи во елитата“, изјави Шупуковиќ.
Загреб во новата сезона од Лигата на шампионите ќе игра во група со македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, потоа со ПСЖ, Келце, Алборг, Колстад, ПИК Сегед и Кил.
Моментално нови грачи во хрватскиот шампион се Анте Грбавац, Филип Главаш, екс ракометарот на Вардар, Куни Моралес, Миодраг Чорсовиќ и Матиц Сухолежник.
Сепак се чини дека барем на хартија, тимот е послаб од ланската сезона откако заминаа Жељко Муса, Дино Славиќ, Никола Граховац, Чаба Лејметер, Владо Матановиќ…