Од жените за жените: Индира Кастратовиќ доби награда за животно дело (ФОТО)

Ракометарката која остави огромна трага во македонскиот ракомет, настапувајќи за Кометал Ѓорче Петров и репрезентацијата на Македонија, Индира Кастратовиќ денеска доби големо признание. На манифестацијата „Вечер за жените во спортот“ таа беше наградена со признанието „Награда за животно дело“.

Наградата на Индира Кастратовиќ и ја предаде поранешниот прв човек на тимот на Кометал Ѓорче Петров и главен спонзор, како и поранешен претседател на Ракометната федерација на Македонија, Трифун Костовски.

Покрај Кастратовиќ имаше уште неколку награди од областа на ракометот во категориите кои беа подготвени за денеска за оваа манифестација, а Претседателката на Металург, Зорица Блажевска е прогласена за најуспешна менаџерка.

Покрај добитничките на награди од ракометот имаше  други номинирани. Меѓу нив се најдоа младата ракометарка на Вардар, Андреа Седлоска која беше номинирана во категоријата најнадежна спортистка, Силвана Карбеска (најуспешна спортска менаџерка), Јулијана Дамчевска (најдобар женски тренер) и Јована Саздовска (најдобра спортистка во колективен спорт).

Наградата за најдобра спортистка во 2019 година и припадна на атлетичарката Андријана Поп Арсова која годинава стана првата жена од Македонија која успеала да истрча маратон под три часа.

Инаку, во жири комисијата за доделувањето на овие награди беа и новинарките на 24Ракомет, Амина Идризи и Билјана Благоеска Петрушева.

ИЗБОР НА НАЈДОБРИТЕ ЖЕНИ ВО МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ ЗА 2019 ГОДИНА

1.Најнадежна спортистка

-Миа Тодорова (кик-бокс – бронзен медал на ЕП за јуниори во К1 во Унгарија, бронзен медал на ЕП за јуниори во маитаи, во Турција) -ДОБИТНИЧКА

-Ева Петровска (пливање – учесничка на СП во Гважу, Кореја, освоени 2 бронзени медали во дисциплините 400 и 800 м.слободно на централно-европско јуниорско првенство и кандидатка за ОИ во Токио 2020)

-Андреја Седлоска (ракометарка – ЖРК Вардар, најмлада и најнадежна репрезентативка во македонската сениорска репрезентација)

2.Најуспешна спортска менаџерка

-Зорица Блажевска (претседателка на РК Металур, прва жена на оваа функција во ракометната Лига на шампиони и во регионалната СЕХА лига (минатата сезона), сега во домашната Супер лига)-ДОБИТНИЧКА

-Силвана Карбеска (директорка на женската ракометна репрезентација на Македонија и ЕХФ судија)

-Александра Војневска (претседателка на Атлетската федерација на Македонија)

3.Најдобра судијка

– Ива Пројковска (фудбал –судеше финале на Европското женско младинско првенство (У21) во Шкотска, прво официјално лице од Македонија што учествува во финале на УЕФА шампионат) – ДОБИТНИЧКА

– Ангелина Иванова (пинг-понг – интернационална судијка, судеше на Светско јуниорско првенство во Тајланд)

– Моника Јаневиќ (одбојка –судијка во Прва лига (мажи) и во Прва лига (жени), судеше Балканијада (У20) во машка конкуренција и на Балканијада (У17) во женска конкуренција)

4.Најдобар женски тренер

– Жаклина Стојановска (кошарка – шампионска и Куп титула со ЖКК Вардар, селекторка на младинска кошаркарска репрезентација) – ДОБИТНИЧКА

-Јулијана Црвенковска Дамчевска (ракомет – шампионска титула со ЖРК Металург, селекторка на женската младинска репрезентација)

-Снежана Трпковска (женски фудбал – тренер со А лиценца, основачка на клубот Џи-Џи со кој се натпреварува во младинските лиги)

5.Најголем придонес во училишен спорт

-Анета Глигорова (професорка во Средното училиште „Орце Николов“, со години наназад освојува титулата во средношколската лига на град Скопје, во кошарка и во одбојка)-ДОБИТНИЧКА

-Вања Бошковиќ (професорка во средното училиште “Мирко Милески”-Кичево)

-Елизабета Михајловиќ (професорка во средното училиште “Никола Карев”)

6.Посебно признание за животно дело

-Индира Кастратовиќ (поранешна ракометарка и ракометен тренер – европска шампионка со Кометал ЃП (2002), најдобар стрелец на Светските ракометни првенства (СП 1997 во Германија, како тренер со ЖРК Вардар учество на три Ф4 турнир во Лигата на шампионките во ракомет)- ДОБИТНИЧКА

7.Најдобра спортистка со попреченост

– Сара Дураку  (атлетика, сребрен медал на Светските специјални олимписки игри во Абу Даби, во дисциплината на 200м )- ДОБИТНИЧКА

8.Најдобра спортистка во индивидуален спорт

– Поликсенија Јовановска (карате – 5.место на ЕП во Гвадалахара)-ДОБИТНИЧКА

– Ана Марија Ѓорѓиевска (таеквондо – 1.место на Балканското првенство во Бугарија)

-Анита Величковска ( велосипедизам – државна првенка во планински и друмски велосипедизам и претставничка на Македонија на светското UCI GrandFondo во Полска)

9.Најдобра спортистка во колективен спорт

-Наташа Андонова (фудбал – финале во ЛШ со Барселона)-ДОБИТНИЧКА

-Јована Саздовска (ракомет – репрезентативка, со Туринген настап во ЛШ и освојувачка на Купот во Германија)

-Тамара Стојанова (одбојка – освојувачка на шампионска и Куп титула во сениорското женско одбојкарско првенсво)

10.Најдобра спортистка за 2019 година

-Адријана Поп Арсова (атлетика, државна шампионка и рекордерка на 5 км, на 10 км, во полумаратон и маратон)–ДОБИТНИЧКА

11.Спортски подвиг на годината

-Тина Несторовска (велосипедизам – извозена Трансконтинентална трка со велосипед долга 3700 км, од Бургас до Брест за 20 дена без никаква логистичка помош ( просечно по 185 км на ден) – ДОБИТНИЧКА

-Катерина Шиповиќ (Ултра трка на асфалт со постигнат државен рекорд на 24 часа (истрчани 180 км)

-Љуљета Адеми – прва жена со инвалидитет од Македонија која го искачила еден од највискоте врвови во Европа Триглав (2864м)

12.Посебен придонес за унапредување на родовата еднаквост во спортот

-предлог од ТАКТ.