Српскиот интернационалец Душан Трифковиќ, кој во пролетниот дел од сезоната ги бранеше боите на Бутел Скопје, од лето ќе има нов клуб.
Тој го стави потписот на договорот со составот на Торелавега, тим кој сезонава обезбеди место во Асобал лигата.
Десниот бек се обврза на верност од една година, а има опција договорот да биде продолжен за уште една сезона ако двете страни бидат задоволни од соработката.
Ова ќе биде ново поглавје во кариерата на 28-годишниот Србин, кој досега беше дел од Инџија, Војводина, романските Сучеава и Решица. Играше и во францускиот Нанси, како и во турскиот Беледије.