Босанскиот репрезентативен кружен напаѓач Елмир Граџан, во следната сезона ќе го носи дресот на шампионот на јужниот сосед, Олимпијакос, дознава 24Ракомет.
Граџан потпиша договор на една сезона, со можност да биде продолжена соработката на уште една ако двете страни бидат задоволни.
Босанскиот пивот пет сезони мина во Еурофарм Пелистер и беше меѓу најдобрите ракометари на битолскиот тим, со кој играше во европските купови и во СЕХА лигата.
Граџан потекнува од Горажде, го носеше и дресот на Борац Бања Лука, потоа замина во Турција, пред да се пресели во Битола.
Олимпијакос во новата сезона ќе атакува повторно на титула и на добар резултат во Европскиот Куп, па за таа цел ги ангажира австриските интернационалци Томас Бауер и Роберт Вебер, како и францускиот лев бек Оливие Њокас.