Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија донесе неколку одлуки изминатиот период.
Во суперлигашка конкуренција, тимот на Тиквеш по мечот кој го загуби во Охрид со 22-21 е казнет со 30.000 денари.
Кавадаречкиот клуб е казнет поради фрлање петарди на терен од страна на нивните симпатизери.
Ракометарот на Кичево, Виктор Василевски доби забрана за настап на следните десет натпревари, откако доби црвен картон на мечот со Металург РА.
Тој најпрво беше исклучен на две минути, но потоа продолжи со коментари кон судиите Груевски и Чалдаров, па доби црвен картон.