Шпанскиот стратег Антонио Карлос Ортега ќе биде замената за Чави Пасквал на клупата на Барселона.
Иако Ортега неодамна го продолжи договорот со бундеслигашот Хановер каде што игра Филип Кузмановски, сепак ќе се врати во татковината.
Оваа информација ја потврди претседателот на спортското друштво Барселона, Хуан Лапорта, за „Мундо Депортиво“.
Иако имаше опција да дојде во Барса кога ќе му заврши договорот со Хановер во 2022 година, тоа ќе се случи уште ова лето.
Пасквал пак, ќе биде тренер на романскиот првак Динамо Букурешт, а можеби ќе се врати и на кормилото на романската репрезентација.