Екипата на Еурофарм Пелистер утре ќе игра против составот на Архус во рамки од 7. коло од Лига на Европа.
Данскиот тим иако победи на првиот дуел во Битола со 30:27 и моментално е на 2. позиција на табелата со осум бода, е претпазлив за утрешниот дуел против ,,фармацевите”.
Според тренерот на Архус, Ник Расмусен, најголемата опасност од македонскиот вицепрвак доаѓа од Себастијан Хенеберг и Марио Танкоски.
Стратегот на Архус имаше и пофалби зборови за тимот на Еурофарм Пелистер.
,,Со Еурофарм Пелистер сме се сретнале еднаш и не ги познаваме доволно добро како што ги познаваме екипите од нашиот шампионат. Станува збор за екипа која што практикува силна игра со неколку физички силни играчи. Тоа е тим кој навистина се бори до последната секунда. Тие зависат од Хенеберг, кој заедно со плејмејкерот е можеби нивниот најдобар играч, па така доколку посакуваме да направиме добар резултат ќе треба сериозно да ги сфатиме. Иако беше големо искуство во Македонија, сепак, повеќе сакам да играмe пред својата публика и да имамe свои навивачи зад нас. Ако успееме да имаме барем половина од атмосферата што беше на нивен терен, тоа ќе биде одличен натпревар со одлична атмосфера”, изјави Расмусен.
Натпреварот меѓу Архис и Еурофарм Пелистер ќе се одигра со почеток од 18:45 часот.