ЕХФ во соработка со клубовите и ТВ куќите кои ги вршат преносите од лигата на шампионите ги одредија термините и саатниците за осминафиналните дуели.
Вардар во осминафиналето ќе игра со ПИК Сегед. Првиот меч е во Скопје, а реваншот во Сегед, Унгарија.
СЦ „Јане Сандански“ ќе биде домаќин на 22 март, недела, со почеток во 17:00 часот.
Реваншот се игра следната недела, 29 март со почеток во 17:00 часот.
Победникот од овој дуел ќе игра во четвртфиналето против победникот од средбата меѓу Висла Плоцк и Веспрем.
Лига на шампиони, осминафинале, први натпревари:
18.03.2020, 19:00 часот, Фленсбург – Монпелје
21.03.2020, 16:00 часот, Порто – Алборг
21.03.2020, 19:00 часот, Целје – Келце
22.03.2020, 17:00 часот, Вардар – ПИК Сегед
22.03.2020, 19:00 часот, Динамо Букурешт – ПСЖ
22.03.2020, 19:30 часот, Висла Плоцк – Веспрем
Лига на шампиони, осминафинале, реванш натпревари:
28.03.2020, 15:00 часот, Келце – Целје
28.03.2020, 17:15 часот, ПСЖ – Динамо Букурешт
28.03.2020, 19:00 часот, Веспрем – Висла Плоцк
29.03.2020, 16:50 часот, Алборг – Порто
29.03.2020, 17:00 часот, ПИК Сегед – Вардар
29.03.2020, 19:00 часот, Монпелје – Фленсбург