Европската ракометна федерација во координација со клубовите и сопственици на ТВ правата, ги одреди саатниците за натпреварите во Лигата на Европа.
Единствен македонски претставник е Еурофарм Пелистер, а првиот натпревар битолчани ќе го играат на 25 октомври со почеток во 20:45 часот во „Боро Чурлевски“.
Вториот натпревар е на гостински терен во Португалија, додека последниот за оваа година ќе се игра во Битола против Бидасоа Ирун на 13 декември. Дополнително ќе бидат познати саатниците за четирите меча што ќе се играат во февруари 2023 година.
Лига на Европа, распоред на натпревари:
25.10.2022 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – Архус (20:45)
01.11.2022 – Агуаш Санташ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (20:45)
22.11.2022 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – Фуксе Берлин (18:45)
29.11.2022 – Мотор Запорожје – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (18:45)
06.12.2022 – Бидасоа Ирун – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (20:45)
13.12.2022 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – Бидасоа Ирун (20:45)
07.02.2023 – Архус – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
14.02.2023 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – Агуаш Санташ
21.02.2023 – Фуксе Берлин – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
28.02.2023 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – Мотор Запорожје